На 22 април пресуда за Александар Николовски, кој Вице Заев го тужи за клевета

by fokus

Tекстови за „кланот Заев“, во кои има обвинување за наводни криминални зделки на Вице Заев, а објавени од Курир, Нетпрес, Денешен, Инфомакс и други, денеска се читаа во Основниот суд Скопје 2.

Текстовите се читаа по предлог на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, против кого Вице Заев поднесе тужба за навреда и клевета. Заев ја поднесе тужбата откако Николовски на новинарско прашање што се западни вредности за ВМРО-ДПМНЕ, одговори „сигурно не се наместени тендери за братот на премиерот Вице Заев“.

-Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена, во случај кога со слободното изразување се нарушува на угледот и правата на другите”, рече адвокатот на Вице Заев и појасни дека со изјавата му се нарушени честа и угледот.

Николовски пак истакна дека останува на одговорот кој го дал на тужбата.

„Мојата изјава е дадена како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата е дадена за да се упати критика на Владата предводена од СДСМ, со оглед на се поголемите критики во јавноста, а не да навредам некого. Делот во изјавата за наместени тендери не се однесува на Вице Заев, туку на работата на Владата. Работа на опозицијата е да ја критикува власта“, рече Александар Николовски.

Пресудата за овој случај ќе биде донесена на 22 април 2019 година.

Поврзани новости