Десет граѓани денеска избркани од ЗОО Скопје поради хранење на животни!

by fokus

Дури десет лица денес биле избркани од ЗОО Скопје бидејќи не го почитувале правилникот на зоолошката и покрај забраната ги хранеле животните. Веста ја потврди Тина Мицковска, портпарол на зоолошката градина.

-Колнета, пцуена, ама ред мора да има. Денес десет лица беа избркани поради хранење на животните – информираше таа.

Хранењето на животните од страна на посетителите на зоолошката во минатото предизвикало голем број на здравствени проблеми кај животните. Вработените во повеќе наврати апелираа дека не треба да им се даваат разни грицки и благи намирници кои може да им наштетат, но сепак голем дел од посетителите ги игнорираат забелешките.

Во правлиникот истакнат во ЗОО Скопје, наведено е дека хранењето на животни е строго забрането. Исто така, забрането е да се доприраат или пак да им се приоѓа од близу. Не смеат да се внесуваат ниту балони, кои претставуваат потенцијална опасност за животните, забрането е движење под дејство на алкохол или наркотици, внесување на домашни миленици, движење со велосипед, ролери, скејтборди и тротинети.

Родителите се одговорни за однесувањето на своите деца, а пак лица помлади од 15 години мора да имаат придружба од возрасен. Потенцирано е дека со самото купување на влезницата, посетителите се обврзуваат да ги почитуваат правилата, а нивното непочитување повлекува последици.

Вики Клинчарова

Поврзани новости