На 21 февруари ќе и се суди на Канческа-Милевска, стартува судењето за „Тендери“

by fokus

Судењето за случајот на СЈО „Тендери“, во кој обвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќе стартува на 21 февруари.

Советот за оценка на обвинителен акт, на крајот на минатата година, го одобри обвинението, по што и судењето е закажано.

Случајот „Тендери“ на СЈО се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во кој првообвинета е Канческа – Милевска. Според СЈО, тендерот од еден милион евра за завршните работи за Музејот на ВМРО бил наместен. Освен екс министерката, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.

Поврзани новости