649
На секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило на патните правци на кои е воведена забрана за нивно движење поради снежните врнежи, информира АМСМ.
Од 17:50 часот е воведена забрана за товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, од 18:50 часот на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража и од 21:05 часот на превојот Плетвар.