463
Ако господинот Зоран Заев верува во тоа што го изнесе, нема потреба да се плаши. Но, мислам дека нема да излезе така, зошто неговите наводи не се точни. Инаку да, вистина е дека ќе побарам отштета од 500.000 евра. Ваква изјава денеска даде премиерот Никола Груевски, откако во медиумите се објави колкава оштета ќе бара од лидерот на опозицискиот СДСМ.
На 19-ти јуни е закажан почетокот на судскиот процес во кој премиерот бара отштета од пола милион евра од лидерот на СДСМ, за случајот „Македонска банка“. Заев на неколку дена пред изборите објави снимка во која првиот човек на Владата примил 1,5 милиони евра во кеш од газда Нини за продажбата на Македонска банка.