Зврлевски: Груевски не може да влијае врз обвинителството!

by Фокус

Приватната тужба со која премиерот Никола Груевски бара половина милион евра од опозицискиот лидер Зоран Заев поради обвинувањата за криминал при продажбата на „Македонска банка“ не може да влијаат врз постапката на Јавното обвинителство во однос на кривичната пријава на СДСМ против премиерот за противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок, изјави за Дојле Веле републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

– Приватната тужба на премиерот Груевски не може да влијае врз постапката на Јавното обвинителство. Колку што сум информиран, таа е во завршна фаза. Нема да шпекулирам кога обвинителството ќе се произнесе за неа, еднаш шпекулирав со датум, па излезе неточно – вели Зврлевски.

Инаку, во периодот меѓу двата изборни круга, Заев на прес-конференција објави аудио-снимки, во кои, според него,  првиот човек на македонската влада и на ВМРО-ДПМНЕ Груевски е еден од учесниците во разговорите за тајна продажба на банката.

Поврзани новости