На 1 октомври повик за иновациски ваучери – ќе се доделат вкупно 15 милиони денари

by fokus

На 1 октомври ќе биде објавен јавен повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери, соопшти директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.

Целта на Повикот е поттикнување на соработката меѓу компаниите и науката во насока на спроведување иновациски активности кои ќе ја зголемат конкурентноста на бизнисите. Преку ваучерите ќе се доделат вкупно 15 милиони денари.

Повикот ќе биде објавен на 1 октомври и ќе трае додека проектираните средства не бидат доделени. Апликациите ќе се поднесуваат електронски. Рокот на искористувањето на ваучерите ќе биде шест месеци од потпишувањето на договорот меѓу претпријатието-корисник и ФИТР, а со нив ќе може да се покријат 80 отсто од трошоците или максимум 500.000 денари без ДДВ. Една компанија може да добие најмногу два ваучера, но не за ист повик.

-Апликанти може да бидат мали, микро и средни претпријатија кои ги исполнуваат конкретните услови дефинирани во Повикот, а давачи на услуги од областа на науката високо-образовни установи, унивезритети и институти, како и МАНУ, истакна Деспотовски.

Ова е прв ваков Повик досега во земјава кој ќе ги поврзе бизнисот и академската фела, а компаниите нема да добиваат директна помош туку средствата ќе се реализираат преку академскиот кадар кој водено сам и ќе ја одреди цената на своите услуги.

Поврзани новости