442
Државниот министер за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, ќе ја посети Македонија од 1 до 2 февруари, информираат од германската амбасада, јавува Мета.
– Тој ќе се информира за внатрешнополитичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници од Владата и од опозицијата, граѓанското општество и од невладините организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија – се наведува во соопштението на германската амбасада.
Рот ќе одржи и јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.