МЗ: Во болниците се лекуваат 1.275 заразени, а има 230 слободни места

by fokus

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.275 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 91 во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости