411
Граѓаните се задоволни од мерката на Министерството за здравство за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава, бидејќи за првпат имаат достапни лекови кон крајот на месецот, велат од Министерството за здравство на чело со Венко Филипче. Од таму истакнуваат дека со укинувањето на квотите бил решен деценискиот проблем со недостигот на лекови.
„Со достапни лекови во секое време, како и воведување на нови лекови, вработувања, зголемени плати и дежурства на здравствените работници, со подобрување на условите во јавните здравствени установи, како и максимална грижа за пациентите го враќаме достоинството во јавното здравство, за задоволни пациенти и задоволни здравствени работници“, велат од Министерството.