МЗ: На респиратор се наоѓаат двајца пациенти, а 62 се на кислородна поддршка

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти, a починати се 10 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

Поврзани новости