МВР: Забраната за движење ја прекршиле 172 лица од кои 134 се приведени

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие забраната за движење ја прекршиле 172 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Од нив, 134 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Најголем дел од прекршителите на полицискиот час се на подрачјето на СВР Скопје.

Според статистичките податоци, пак, 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките.

 

Поврзани новости