ВМРО-ДПМНЕ: Во услови на криза наместо владата да им помага на граѓаните и семејствата таа ги оптоварува со трошоци, поскапеа билетите

by Fokus

Владата повторно планира да зема од сиромашните за да го покрива расипништвото и неспособноста на функционерите на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-На СДСМ не им е доволно што ги оставија граѓаните и компаниите на цедило во време на пандемија сега дополнително сакаат да удрат по и онака празните џебови со покачување од 2 денари на акцизата. Стопанството е на помошни апарати, работниците се соочуваат со отпуштања, на државата и се заканува економска рецесија, а во такви услови власта реши дополнително да ги оптовари граѓаните со нови давачки. Ваквата мерка ќе се одрази на патниот транспорт и зголемување на цените што ќе резултира со намалување и на онака уништените семејни буџети. Така еден повратен билет Скопје – Берово кој чини 730  ќе се порасне над 800 денари, што значи во просек покачување од 70 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив во услови на криза наместо владата да им помага на граѓаните и семејствата таа ги оптоварува со трошоци. Истото ќе се случува и со другите меѓуградски релации и ваквото покачување ќе го почувствуваат сите граѓани и компании. Власта единствено носи мерки за да им земе пари на граѓаните и да го полни буџетот кој СДСМ го испразни. Македонија со ваква власт единствено ја чека хаос и рецесија.

Поврзани новости