497
Министерството за внатрешни работи објави дека утрово се пронајдени две тела во станови во зграда во Демир Капија. Оттаму информираат дека по пријавата се пронајдени две безживотни тела.
„Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“ – соопштија од МВР.
Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, кој потоа се самоубил.