МВР за тешката сообраќајка кај Хиподром: 25-годишник од скопско Бујковци со „бмв“ удри во камион

by irena 10:29
10:29

МВР со детали за тешка сообраќајка што се случи синоќа на влез во Скопје, кај Хиподром, кога се судрија патничко моторно возило и камион.

Инцидентот се случи во 23 часот на автопат Скопје – Куманово, пред клучката за обиколница на главниот град.

Како што информираат од МВР, судирот се случи помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од село Бујковци, скопско, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

Во несреќата двете возила се запалија и целосно изгореа, а возачот на автомобилот се здоби со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести