МВР за посетата на папата: Сме организирале поголеми настани како Суперкупот и се ќе биде во најдобар ред

by fokus

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција, ги кажа сите детали околу тоа кои сообраќајници ќе бидат пристапни поради посетата на папата Франциск.

„Во централното градско подрачје, од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и ќе биде пренасочен на околните сообраќајници. Сообраќајот ќе биде забранет на улицата Мајка Тереза, а движењето на оваа траса нема да има прекин, но ќе се користат споредни улици. Непречене одвивање на сообраќајот ќе има на  „Кочо Рацин“, „11 Октомври – од „Кочо Рацин“ до „Борис Трајковски“, „Кирил и Методиј“, булевар „Климент Охридски“. Апелираме на трпеливост и почитување на сообраќајната сингализација. Доколку граѓаните сакаат да ги користат возилата, мора да ги извадат возилата надвор од рестриктивната зона во денешниот ден. Сите паркинзи ќе бидат бесплатни од денеска после 17 и во текот на целиот утрешен ден. Граѓаните да го користат јавниот градски превоз. Што се однесува до авионскиот сообраќај, апелираме до сите граѓани да се упатат до аеродромот еден час порано од предвиденото. Сите камиони од 22 часот до утре до 18.30 часот, да ја користат околу обиколницата околу Скопје. Преку осум влезови, ќе врши безбедносни провери на сите граѓани. Тоа се кај Управен суд, кај хотел Мериот, кај кафе Тренд, кај Министерство за финансии, кај Завод за статистика, кај Пелагонија, кај Порта Македонија и влезот на предната страна од ГТЦ кон плоштадот. Граѓаните треба да пристапат до својата зона и билетот да се чува до крајот на литургијата. Важно е граѓаните да носат лични карти“, истакна Ангеловски.

Како што додаде тој, преземени се сите мерки, за утрешниот ден да помине во најдобар можен ред.

„Ангажирани сите потребни капацитети на Министерството за внатрешни работи. МВР организирало исто големи настани како Суперкупот во 2017 година и се ќе биде во најдобар ред“, додаде Ангеловски.

Поврзани новости