468
Во билтенот на Министерството за внатрешни работи излезе информацијата за нападот врз активистка на Левица што се случил синоќа во Градски парк, додека треаеше прославата за НАТО и ЕУ.
Според МВР непознато машко лице синоќа во 21:10 часот физички ја нападнал В.Џ.(26) од Скопје, која била на прославата во Градскиот парк. Од Левица, пак, тврдат дека две лица учествувале во нападот.
Министерството потоа наведува дека нападот се случил додека В.Џ. била со неколку нејзини пријатели, држејќи платно со порака пред бината.
Случајот В.Џ. синоќа во 23:15 часот го пријавила во полиција. Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчитување на случајот.