Министерството за внатрешни работи во периодот од јуни 2017 година до сега постојано работи на подобрување на условите за работа на полициските службеници, нешто што не е правено цела деценија, па полициските службеници беа доведени во ситуација да работат во субстандардни услови и без потребната опрема и униформи.
За сите активности соодветно ја информираме јавноста, а вие, медиумите, и вчера бевте сведоци на пуштањето во работа на реновираниот објект на Полициското одделение во Зајас, Кичевско. На почетокот на наредната недела повторно јавноста ќе биде сведок на нови активности за подобрување на условите за работа на полициските службеници. Покрај тоа, од 1 декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници.
Од јуни 2017 до сега интензивно вложуваме во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници и со истото темпо ќе продолжиме и во наредниот период.