397
Министерството за внатрешни работи сѐ уште не ги добило решенијата за притвор на поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање , Горан Грујевски и за неговиот соработник Никола Бошковски, велат официјално за МКД.мк од МВР.
По одлуката на Врховниот суд која беше донесена денес, МВР треба да постапи по решенијата, односно да ги спроведе обвинетите во Истражниот затворот во Шутка. Но, од МВР велат дека решенијата до нив се уште не се стасани и штом ги добијат, ќе бидеме информирани.