ВМРО-ДПМНЕ ќе го анализира Договорот со Бугарија, па ќе заземе став

by fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со бугарскиот амбасадор, а во партиското соопштение по тој повод партијата објави дека според Груевски, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има на увид финалната верзија на договорот и откако истата ќе биде анализирана во партиските тела и комисии, ќе заземе став.

-Груевски позитивно ја оценил волјата на Република Бугарија да помогне во остварување на овие цели, бидејќи истите се приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ напорно работеше во приближување на ставовите на двете земји за потпишување на фер договор и дека заради нетранспарентноста во која што актуелната влада го водеше процесот сега се вознемирува и општата и стручната јавност. Како партија ВМРО-ДПМНЕ даде неколку конструктивни предлози кои доколку се вградат во финалната верзија, значително би го подобриле договорот и би биле јасен показател за искреноста на двете страни во подобрувањето на односите, се вели во соопштението.

Сепак, Груевски на средбата рекол дека Македонија има интерес за развивање и продлабочување на односите со соседна Република Бугарија, бидејќи е взаемен интерес натамошниот прогрес на земјава во евро-атлантските инеграции.

Поврзани новости