МВР: Уапсени судии од Прилеп и лекари од Психијатриската болница „Демир Хисар“

by Фокус

Петмина судии од прилепскот Основен суд, тројца лекари вработени во психијатриската Болница „Демир Хисар“ и еден раководител на затворска здравствена служба во Идризово заработиле кривични пријави и се сомничат за сериозни кривични дела бидејќи овозможиле осуденик да не издржува затворска казна, информираа од МВР.

Според полициските информации, станува збор за убиство кое лицето го извршило на 30 септември 2006 година во Прилеп, кога со ловечка пушка го убил 29 годишниот Љупчо Коларовски поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

Како што објаснуваат од полицијата, првите петмината пријавени судии заедно со лицата вработени како доктори во Психијатриска болница во Демир Хисар и доктор вработен во КПУ „Идризово“ во периодот 2012 до 2014 година преку пречекорување на службените овластувања, како и преку изготвување невистинита медицинска документација, му овозможиле на осудениот помала затворска казна.

Поврзани новости