Македонија ќе бара екстрадиција на Османи

by Фокус

Косовските власти го известиле македонското Министерство за внатрешни работи дека е приведен Сулејман Османи од село Брест, за кого МВР имаше издадено меѓународна потерница распишана преку Интерпол.

Според косовската полиција, како што објавија косовските медиуми, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце. 

Портпаролот на косовската полиција Баки Келани информира дека кај осомничениот е пронајден и одземен и ТТ пиштол со муниција, а целата акција полицијата ја спровела во координација со надлежен јавен обвинител.

Поврзани новости