Педесетгодишна жена е жртва на вчерашната сообраќајка кај „Зебра“

by Фокус

Педесетгодишната Сузана Т. П. од Скопје загина во сообраќајката што се случи вчера вечерата околу 20 часот на улица „Васил Ѓоргов“, кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец, јавуваат медиумите

Според првичните информации, автомобил „Опел корса“ со скопски регистерски таблици со голема брзина преку скали влетал во еден од излозите на околните згради. Жената починала на лице место и безуспешни биле обидите да и се пружи помош.

Возачот на автомобилот, триесет и седумгодишниот Б.Б. од Скопје и неговата сопатничка, триесет и тригодишната Ј.П. со телесни повреди се пренесени во Ургентниот центар.

Поврзани новости