587
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се преземаат мерки за оштетувањата направени за време на завчерашниот најмасовен протест на Шарената револуција.
-Протестот е снимен, преземени се видео материјали и фотографии од отворени извори на податоци (интернет) за што е сочинето ЦД со видео запис. Од страна на полициски службеници при СВР Скопје кои службено биле ангажирани за обезбедување на протестите, препознаени се неколку лица кои ги вршеле оштетувања на објектите.
За натамошна постапка, дополнително ќе биле набавени видео записи од безбедносните камери поставени во непосредна близина на Министерството за правда, Собранието и споменикот на „Прометеј“