Кривична за Грчев: Власта го дискредитира професорот затоа што му помага на СЈО?!

by fokus 15:42
15:42

Професорот Мирослав Грчев е повикан во просториите на Основното Јавно обвинителство во понеделник, во својство на пријавен за злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 од кривичниот законик. На што точно се однесува кривичната пријава, Грчев не знае.

“Тајмингот е директно дел од оваа оркестрирана акција за инкриминација на СЈО и мене како вешто лице, судски вештак. Тоа е идејата на оваа глупост, но јас ниту сум бил на некаква функција од каде може да се прават злоупотреби, а не дај боже да направам нешто. Тоа е фабрикувана и монтирана пријава“ ни изјави професорот Грчев.

Пријавата доаѓа само неколку дена откако Aрхитектонскиот факултет го посетија неколку инспекции, кои бараа документи во врска со работењето на Грчев како судски вештак. Тој е ангажиран од страна на Архитектонскиот факултет да биде вешто лице во случајот „ТНТ“ кој го води Специјалното јавно Обвинителство, поврзан со уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Цановски.

Поврзани новости