МВР со нови докази во истрагата за македонските пасоши. Лицето кое го направило видеото е дустабанлија!

by lali

Откако CSI Скопје по стручната аналза утврди дека лицето е дустабанлија, веќе почна да работи и на нов метод за испитување. Тие во согласност со новиот закон на Фејсбук испратија барање до МВР да им овозможи да се соберат сите фотографии од корисниците кои имаат постирано мотиви „стапала на плажа“. Оваа мерка е со цел да се спореди изгледот на сите стапала со изгледот на стапалата на лицето од снимката која беше објавена за фалсификувањето на пасошите.

Во CSI Скопје, па и во МВР веќе владее оптимизам за разрешница на случајот и се надеваат дека со оваа мерка на споредба ќе се стесни кругот на испитување, а со тоа ќе се олесни и истрагата.

МВР не ја исклучи и можноста пасошите да бидат правени за големиот број германски емигранти кои побараа азил во Македонија веднаш по изјавата на пратеникот Николовски дека во Македонија со 100 евра може да се направат доста работи, а во Германија можете само да платите вечера.

Само да потсетиме дека истрагата започна со првично утврдување на националниот идентитет на лицето. Земајќи ги предвид фактите дека тој е бос и гол, а користи скап телефон од типот „Samsung S4“ не беше тешко да се воочи дека станува збор за типичен Македонец.

 

Напомена: Веста е измислена и сатирична, сѐ додека не стане реална.