Тито Петковски за РСЕ: Аферата „Македонска банка“ е играчка за „бомбата“

by Фокус 10:05
10:05

Aферите за „Македонска банка“ и за „Актор“ се обична играчка во споредба со фактите со кои располага Заев, вели претседателот на НСДП, Тито Петковски во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

– Бомбата значи збир на различни документи и сознанија, докази, релевантни факти итн., за начинот на владеење, односно за бескрупулозноста на власта во сите сфери на животот. Се разбира ниту имам право, ниту имам мандат да ги кажувам деталите, но цврсто сум уверен дека тие се многу силни. Јас му верувам на господин Заев дека и она што не го знам, да речеме, дека исто така има таква силина – вели Петковски за РСЕ.

- Advertisements -

Тој во разговорот потенцираше и дека власта преговара директно со Грција.

– А глумат лудило дека не преговараат, не разговараат – потенцира поранешниот пратеник од редовите на опозицијата.

Поврзани новости