МВР со казни за 975 граѓани кои не носеле маски

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.

Поврзани новости