1.3K
МВР информира дека презела нова превентивна активност на подрачјето на СВР Тетово, со цел да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива.
Како што посочија од Министерството за внатрешни работи, тие поставиле мобилна макета на полицаец со радар на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуства, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно.