МВР со детали за сообраќајката кај Битола во која беа повредени над 20 лица

by Fokus

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 14.39 часот на ул.„Воден“, во близина на  бензинска пумпа кај „Краварски пат“ во Битола, учествувале патничко возило „ауди А7“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(20) од битолското село Жабени и автобус „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(52) од село Јанковец, ресенско, при што удриле во паркирано влечно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.

Како што информираа денеска од СВР Битола, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од  Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од село Избишта  ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, информираа претпладнево од секторот за односи со јавност.

Како што извести МИА, доцна синоќа, по сообраќајната несреќа на сите учесници им беше укажана лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, а по завршените лекарски прегледи ниту едно лице не беше задржано на болничко лекување.

Поврзани новости