514
Министерството за внатрешни работи даде детали за момчето кое почина во Кисела Вода додека играше фудбал.
„Вчера околу 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб“, велат од МВР.