МВР со детали: Уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот во „Александар Палас“

by Fokus

Дванаесет лица се уапсени во денешната и претходните акции на МВР на неколку локации во Скопје, а дел од нив се поврзани со пукањето што се случи во хотелот „Александар Палас” во Скопје, потврди Сузана Прањиќ Талевска, началник на одделение за информации од јавен карактер.

Таа изјави дека дел од лицата се приведени под сомнение за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, а дел за нелегална трговија со дрога, како и за недозволено држење и изработување на оружје

-Одделот за полициска акција приведе лица, можни членови на криминални групи. Дел од нив се привидени за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење на оружје, рече Талевска.

Според информациите полициски акции имало на 34 локации во Скопје кај 32 лица и тоа во Грчец, Центар, Арачиново, Визбегово, Студеничани, Ѓорче Петров, а при претресите одземени се патничко моторно возило, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор, прашкаста материја и други предмети.

 

Поврзани новости