Најтешко повредената патничка од сообраќајката во Србија префрлена во Ниш

by Fokus

Од 26-те повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, во болницата во Прокупље се згрижени 16 пациенти, информираат од МНР, повикувајќи се на дежурните лекари во болницата. Според информациите една патничка која била потешко повредена е пртефрлена во болницата во Ниш.

Сѐ уште се вршат испитувања над пациентите во Прокупље, но сите се надвор од животна опасност.
Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување. Сѐ уште не се пристигнати детали за несреќата од страна на МВР на Србија. 
Од МНР информираат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи.

Поврзани новости