392
Полицајците кои беа ангажирани на роденденот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, ќе добијат финансиска награда од МВР.
„Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница ѝ предложив на Владата, која го усвои заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10 проценти на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари“, објави министерот Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил.