Емотивна глетка: Татко ја држи раката на својата мртва ќерка затрупана под рушевините

by Fokus

Спасувачите од текот на вчерашниот ден интензивно трагаат по преживеани по разорниот земјотрес во Турција и Сирија. Бројките на загинати, но и на спасени, растат, а на социјалните медиуми се појавуваат шокантни фотографии од местото на настанот.

Една од најшокантните фотографии доаѓа од разурнатиот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва во урнатините и не е можно да се извлече.

Поврзани новости