447
Разрешени се Неваир Шабани, началник на СВР-Тетово и Берат Мурати началник за секторот за криминалистика во Тетово. Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, за Алсат вели дека овие чекори се дел од планот за справување со криминалот во Тетово.
-Вистина е дека има смени на кадри во СВР-Тетово. Мојот кабинет заедно со другите служби во МВР ја разгледува можноста и за други смени со надеж дека ќе формираме нов посилен фронт за заедно со граѓаните, медиумите и граѓанскиот сектор да се справиме со криминалот, вели Нухиу.
Тој додава дека процесот на замена на разрешените началници ќе се врши транспарентно.