Мицковски: Не се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ користи ист речник како пред моето доаѓање

by fokus

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски смета дека во последниве три дека откако е тој на чело на партијата, сменет е речникот на соопштенијата кои ги испраќаат.

На новинарската контатација дека и по неговото доаѓање, ВМРО-ДПМНЕ користи исти зборови и испраќа исти соопштенија како кога претседател беше Никола Груевски, Мицковски одговори:

-Не се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ користи исти зборови и испраќа исти соопштенија. Околу новите кадровски политики коишто ќе ги има структурата на ВМРО-ДПМНЕ и за потезите коишто јас како претседател ќе ги преземам, ќе бидете сведоци во периодот којшто следува, рече Мицковски.

Поврзани новости