539
МВР попладнево информираше дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.
-Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево, велат од МВР.