1.1K
Во тек е полициска акција, откриена е организирана криминална група за трговија со дрога во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ. Приведени 21 лице, пронајдена и запленета дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, дознава „Фокус“ од извори на истрагата.
Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР, а акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи.
Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.
С.Т.