Диего Коста конечно најде нов клуб

by Fokus

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челзи, Диего Коста, најверојатно ќе продолжи со кариера во португалскиот шампионат.

Триесет и двегодишниот Шпанец дал согласност за трансфер во Бенфика, која му понудила двегодишен договор со плата од три милиони евра по сезона. Исто така, понудени му се и бонуси во висина од три милиони, пишува „Мундо Депортиво“.

Коста го напушти Атлетико на крајот на декември. Него го застапува познатиот фудбалски агент Хорхе Мендеш.

Поврзани новости