МВР: Претрес во Сингелиќ, приведени се три лица

by Fokus

Три лица на возраст од 61, 22 и 21 година од Скопје, вчера се приведени, а по едно 21-годишно лице е распишана потрага, откако при претрес на дом и други простории, врз основа на судска наредба на подрачјето на Сингелиќ била пронајдена марихуана.

Акцијата ја спроведе Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во содејство со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје.

По комплетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

 

Поврзани новости