Од Министерството за внатрешни работи испратија соопштение во кое ја објаснуваат вчерашната акција кога припадници на ЕБР ги исфрлија студентите од канцелариите на СПУКМ. Од МВР објаснуваат дека писмено, а потоа и телефонски СПУКМ побарал полициска заштита за време на изборите, а и подоца, за пренос на кутиите и за заштита на седиштето на Студентскиот парламент.
-Вечерта по изборите откако бројот на студенти пред седиштето на СПУКМ се зголемил на околу 150 и почнале да тропаат по вратата, при што ја оштетиле, па биле испратени полициски сили. Претставниците на СПУКМ трипати побарале полициска помош оти се плашеле да излезат надовор, затоа што добиле закани дека ќе ги бојадисаат ако излезат, а им светеле и со ласер, пишува во соопштението на МВР.
Потоа, биле распоредени полицајци кои поставиле блокада, за како што наведуваат, групатата да се одржи на безбедно растојание и да се овозможи студентите кои се наоѓале во објектот, слободно да го напуштат.