МВР поднесе кривична пријава против првиот човек на Макпетрол

by Фокус

МВР денеска поднесе пријава против А.Ј. (63) кој се јавува во својство на претседател на Управен одбор во Мактерол. Тој е првоосомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, а поднесени се кривични пријави уште против дваесет лица, соопшти МВР.

Сите лице против кои се поднесени кричични пријави, според досега прибавените докази, се товарат дека во својство на службени лица, заради стекнување со противправна имотна корист, искористувајќи ја службената положба и овластување нанеле штета на акционерите на Макпетрол Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати АД Скопје во износ од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол АД во износ од 19.95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.

-Пријавените членови на Управен одбор, во втората половина на 2006 година, спротивно на законот за трговски друштва без да има било каква одлука на собранието на акционери на Макпетрол АД за утврдување на интересот на друштвото за вложување во идното друштво Оилко КДА, самоиницијативно и нетранспарентно превземаат повеќе активности, како подготовка за основање на Оилко КДА, со цел прикривање на вистинската намера и нивните лични интереси од основањето на Оилко КДА, се вели во соопштението од МВР.

 

Поврзани новости