МВР откри уште еден член на „Јавна соба“, но тој е на Малта

by fokus

Откако вчера беа приведени четворица членови на групата „Јавна соба“, од МВР велат дека денеска нема нови приведувања, но активно работат на откривање на останатите челнови.

Идентификуван е уште еден член на групата, но тој е на Малта, па МВР очекува помош од тамошната полиција.

Групата од вчера не постои, но во меѓувреме се појави „Јавна соба 2“, а според МВР има и други слични групи на чие затворање се работи.

Поврзани новости