110
Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, а кои биле преку социјална мрежа, ги упатило лицето С.И., информираа денеска од МВР.
– Денеска околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа – се вели во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека Министерството веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.