485
Министерството за внатрешни работи на својот официјален Јутјуб канал објави видео од влегувањето на полицијата во караулата во Гошинце по наводниот терористички напад. На видеото се гледаат мобилни телефони искршени со секира.
Инаку, полицијата на местото на настанот пристигна 12 часа откако се случи нападот при кој четворицата полицајци кои биле во караулата биле заробени. Тројца од нив биле врзани со лисици, а четвртиот не. После половина час, како што им наложиле напаѓачите, четвртиот полицаец ги ослободил своите колеги и пеш тргнале накај селото.