МВР: Нема антитерористичка акција во Слупчане и Ваксинце

by Фокус 13:33
13:33

Откако некои медиуми медиуми пренесоа дека во Слупчане и Ваксинце се одвива акција за разбивање на терористичка група, Министерството за внатрешни работи излезе со демант.

-Министерството за внатрешна работи, чиј портпарол сум јас, утринава не спроведува никаква антитерористичка акција, рече Иво Котевски.

- Advertisements -

Според неофицијални информации, истрелите кои утрово се слушале во тој регион биле од кумановските ловџии кои означувале почеток на ловџиската сезона. Имале покането и гости од Србија, Бугарија и Грција.

 

Поврзани новости