Граѓаните ќе мора да платат 200 денари за електронска картичка во ЈСП

by Фокус

Граѓаните од денеска ќе имаат можност да извадат електронска персонализирана картичка, наместо старите автобуски билети кои се користеа во јавниот превоз. Картичката ќе важи во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), но и во приватните автобуси.

Оние граѓани кои сакаат да извадат ваква картичка, тоа ќе можат да го направат на повеќе локации во простории на ЈСП. Од Нова година, ваквата електронска картичка ќе биде задолжителна за сите граѓани и вадењето ќе ги чини 200 денари.

Град Скопје распиша и тендер за набавка на опрема за автоматска локација на автобусите, со која ќе се знае кога тие треба да пристигнат на постојката. За ова, ќе бидат потрошени три милиони евра.

Поврзани новости