439
Откако некои медиуми медиуми пренесоа дека во Слупчане и Ваксинце се одвива акција за разбивање на терористичка група, Министерството за внатрешни работи излезе со демант.
-Министерството за внатрешна работи, чиј портпарол сум јас, утринава не спроведува никаква антитерористичка акција, рече Иво Котевски.
Според неофицијални информации, истрелите кои утрово се слушале во тој регион биле од кумановските ловџии кои означувале почеток на ловџиската сезона. Имале покането и гости од Србија, Бугарија и Грција.