406
Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со реакција на фотографијата на која се гледа поставено албанско знаме на таблата на граничниот премин „Богородица“.
Од МВР велат дека нема поставено албанско знаме на граничниот премин и дека можно е фотографиите да се фотомонтажа или пак, некој да поставил знаме само за да направи фотографија и потоа да го отстранил знамето.
-Откако во одредени медиуми се појавија фотографии со поставено албанско знаме на граничниот премин Богородица , извршени се проверки по што е утврдено дека нема поставено албанско знаме на местото, велат од МВР.